Одложено рочиштето за „Диво насеље“ – адвокатите на одбраната заработија казни

Случај „Диво Насеље“: Мотивот бил уставно загрозување на безбедноста на Македонија

Одложено е  рочиштето против 29-мината обвинети за случувањата во кумановско „Диво насеље“ од мај годинава, а адвокатите на одбраната заработија казни. Тројца од адвокатите на одбраната ја напуштија судницата, при што судот одлучи да ги казни со по 1.200 евра заради навреда на судот, нарушување на редот во судницата и поради непочитување судска наредба, пишува „Република“.

Адвокатот Насер Ауфи на почетокот од рочиштето го извести судот дека ќе го напуштат судењето доколку не се обезбеди простор во судницата за сите роднини на обвинетите да присуствуваат на судењето, иако судот имаше обезбедено 15 места во салата во Кривичниот суд, кои не им беа доволни на адвокатите и роднините.

На таквото барање, судијката им одговори тие се капацитетите и условите во судницата. Таа на Рауфи му посочи дека доколку некој ја напушти судницата ќе биде казнет и согласно законот ќе биде должен да ги нодомести сите трошоци за постапката. Сепак, адвокатите Насер Рауфи, Бујар Дардишта и Мефаиљ Арслани ја напуштија судницата.

Двајцата адвокати Рауфи и Дардишта ќе треба да ги платат и целите трошоци за денешното судско рочиште. Адвокатите се заканија дека ќе го бојкотираат следното рочиште ако до тогаш судот не ги исполни нивните барања.

Од судот велат дека се прават сите напори за да се обезбедат сите неопходни услови за водење на постапката.

Што се однесува до роднините на обвинетите кои немаа можност да влезат на судењето потребно е да се знае дека роднините имаат право во секое време да ги посетата обвинетитие во установите каде ја издржуваат мерката притвор, и судот им ги обезбедува сите неопходни дозволи, а што се оденсува до присуство на судењето, Законот за кривична постапка не предвидува дека судот мора да им дозволи на роднините да присуствуваат на судењето, а како јавност во постапка се подразбираат сите лица кои транспарентно и непристрасно ќе ги следат и пренесат случувањата во судницата – информираат од судот.

Судот одлучи расправата да продолжи на 8 март, затоа што денеска не постоеле услови за работа.