
Во Македонската опера и балет вечер ќе биде изведена балетската претстава „Дамата со камелии“, на музика од Џузепе Верди, под диригентство на Иван Еминовиќ.
Во главните улоги настапуваат Марија Кичевска – Шокаровска и Васил Чичијашвили, придружувани од солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на МОБ.
Кореографијата е на гостинот од Русија Василиј Медведев, а за костимите и сценографијата се погрижи Павол Јураш, гостин од Словачка.
Почетокот на балетската претстава „Дамата со камелии“ е во 20 часот.