
Неколку часа пред концертот во Белфаст, Адел ја оствари најголемата желба на една нејзина обожавателка.
Адел на почетокот на неделата во главниот град на Северна Ирска ја започна светската турнеја, а неколку часа пред концерта ја посети тешко болната обожавателка Ребека Гибни.
Јас сум во шок, се оствари сонот на моето девојче. Таа беше прекрасна. Адел седеше покрај неа и разговараше со мене и со моето друго дете. Беше доста љубезна кон Ребека и не можам да опишам колку ми значи тоа, рече Трејси Гибни, мајка на 12-годишното девојче.
Никогаш нема да го заборавам ова, се чувствувам како да сум најдобарата мајка на светот, а тоа досега не го чувствував. И Адел ми рече дека сам најдобра мајка на светот, вели је Трејси за Би-Би-Си.
Нејзината ќерка боледува од целебрална парализа, епилепсија и е слепа, а минатата година лекарите и дадоа уште шест месеци живот.