Слободни денови за жените за време на месечниот циклус

Компанија од Англија планира да воведе „време за одмор“, со цел да им излезе во пресрет на сите жени за време на нивниот месечен циклус.

Претставниците на компанијата изјавиле дека на жените ќе им биде дозволено да земат слободни денови во текот на месечниот циклус.

Директорот Бекс Бакстер за „Бристол пост“ изјавил дека гледал жени на работа како се превиткуваат од болки, а кои не сакале да си заминат дома, што го смета за неправедно.

Менструалното отсуство исто така постои и во Јапонија, во некои делови на Кина, Јужна Кореја и Тајван. Оваа компанија е една од првите кои вовеле вакво правило во Британија.