
Акцијата за собирање кабаст отпад денеска продолжува во Кисела Вода. Тамошните жители ќе имаат можност од 7 до 11 часот да ги остават старите и неупотребливи предмети од покуќнина пред своите домови и колективните згради на пошироките улици. Тоа ќе можат да го направат жителите на УЗ „Кисела Вода“, Расадник, 11 Октомври, делот на бараките, потоа жителите на населбите Припор и Пинтија, УЗ „Бобан Трпков“ во населбата Драчево и жителите на село Драчево.
Од Општина Кисела Вода апелираат до граѓаните отпадот уредно да го депонираат, со цел да не се загрозува нормалното одвивање на сообраќајот и да не се загрози движењето на пешаците.