Земјотрес со интензитет од 4,5 степени е регистриран ноќеска по полноќ во романската област Вранча, а засега нема информации за жртви или предизвикана материјална штета.
Епицентарот на земјотресот бил 157 километри северно од Букурешт на длабочина од 104 километри, соопшти Европскиот сеизмолошки центар.
Областа Вранча е позната по сеизмолошките активност и често пати се случуваат земјотреси.