Песната „Дона“ со која Калиопи ќе ја презентира земјава на Изборот за песна на Евровизија во Стокхолм ќе биде промовирана вечерца во винскиот клуб „Воденица“.
Композитор на песната е Ромео Грил.
Калиопи по втор пат ќе настапи на најголемиот музички фестивал. Таа во 2012 година со песната „Црно и бело“ настапи на Евровизија во Баку, Азербејџан, и се пласираше на 13 место.