Најмалку 28 повредени во пресметка на две семејства во Турција

Најмалку 28 лица се повредени во реонот на турскиот главен град Анкара, откако расправија меѓу две семејства прераснала во физичка пресметка во која биле користени пушки и ножеви.

Според истиот извор, тројца од повредените се наоѓаат во животна опасност.

Причината за расправијата не е позната, но, според медиумите, најверојатно станува збор спор околу дадена позајмица, пренесува МИА.

Инаку, двете семејства поседувале такси возила, кои делеле иста станица.

Истрагата за случајот продолжува.