Ниту одличниот тим на Тулуз не се покажа како посериозна пречка за актуелниот шампион и лидер во француската Прва лига, екипата на ПСЖ.
Популарните „светци” запишаа нови три бода на своето конто, а најзаслужен за сигурниот тирумф од 4:2 на гостувањето во Тулуз, е шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ кој приреди ново гол-шоу и го запиша новиот хет-трик во својата богата фудбалска кариера.
Без погодоци заврши неделниот дерби натпревар од 26. коло, дуелот помеѓу директните ривали за третата позиција на табелата, Лил и Олимпик од Лион, а убедлива победа од 3:0 на гостувањето во Нант забележаа фудбалерите на Рен.