Со пари за хигиена Жерновски ќе финансира невладини организации за правење протести и нереди

Oпштина Центар која е под капата на Андреј Жерновски донесе уште една скандалозна одлука – ќе се пренаменуваат средства од ставка хигиена во ставка за финансирање на невладиниот сектор.

Имено, станува збор за предлог-одлука спред која милион денари наменети за јавна чистота би биле прераспределени до здруженија на граѓани и фондации.

Одлуката е скандалозна и Жерновски иако се обидел да предочи дека истата е на барање на советниците, треба да знае дека е и лично одговорен, пишува Курир.

Во образложението е наведено дека ваквата одлука е во согласност со стратегијата на општината за продлабочување на соработката со граѓанскиот сектор.

z

Но, Жерновски треба да им одговори на граѓаните зошто јавната чистота на општината не е дел од неговата стратегија? Со овие пари кои ги зима од веќе предвидената намена, градоначалникот на Центар ризикува да снема пари за нешто кое е многу важно за граѓаните и за нивното здравје.

z1

Финансирањето на невладините организации е уште поскандалозно ако се земе предвид фактот како функционираат и што им е работа на невладините организации блиски до СДСМ и Жерновски. Тие се одговорни за протести и правење нереди, а сега со уште 1.000.000 кои Жерновски ги префрла кај нив, може само да претпоставиме како парите ќе бидат потрошени.