
Калиопи оваа година ќе ја претстави Македонија на Евровизија во Стокхолм со песната „Дона“, која вечерва беше промовирана.
Композицијата е на Ромео Грил, стиховите на Калиопи, аранжман Ромео Грил.
Песната ја изведува Калиопи, музиката на гитара Ромео Грил, гитара Танче Гроздановски, виолина Зоран Џорлев, чело Кирил Јосифов.
Текстот и видеото Калиопи ги постави на својот Фејсбук профил.