
Ако сакате да имате совршено тело на плажа, тоа нема да го постигнете ако почнете со вежбање една недела пред одмор. Затоа токму сега е времето кога треба да почнете да се решавате од целулитот и да си помогнете себе си за да заблескате на плажа.
Не постои магичен трик со кој што целулитот сам ќе исчезне, но затоа вежбањето е еден од најевтините и најдобри начини да се намали целулитот.
Триесетминутниот тренинг што ви го приложуваме е направен така што ги согорува масното ткиво, калориите и целулитот. Тонирањето на мускулите ќе ја намали нерамната текстура на маснотот ткиво кое го прави целулитот.
Најдобро од се е тоа што овој тренинг можете да го правите дома. Погледнете за што се работи.