Незадоволство од ждрепката за квалификсцискиот циклус за престојното ЕП во Франција, демострираше и селекторот на фудбалската репрезентација на Словачка, Јан Козак.
Исксуниот стручњак за домашните медиуми изјави дека Словачка ќе игра во многу тешка група, а во истата главниот збор ќе го имаат репрезентациите на Шпанија и Украина, додека Македонија заслужува максимален респект.
„Не сум задоволен од групата, затоа што е навистина тешка. Шпанија е европски и светски првак, а Украина е сигурно најсилната селекција од вториот барабан. Во групата ги имаме и Белорусија, Македонија и Луксембург. Тоа се квалитетни селекции. Луксембург е во подем, а Белорусија и Македонија можат на секоја репрезентација во Европа да и создадат проблем. Не очекуваат навистина тешки и неизвесни квалификации за ЕП во Франција“, изјави Козак.