Арсенал избори четвртфинале во ФА купот

Арсенал избори четвртфинале во ФА купот
Арсенал избори четвртфинале во ФА купот
Во повторениот натпревар од осминафиналето во ФА купот, фудбалерите на Арсенал со убедливи 4:0 на гостински терен го совладаа Хал и се пласираа во четвртфиналната фаза.

По два гола за „топџиите“ постигнаа Оливие Жиру и Тео Волкот.

Двојките за четвртфиналето се:
Арсенал – Вотфорд,
Манчестер Јунајтед – Вест Хем,
Евертон – Челзи и
Ридинг – Кристал Палас.

Натпреварите ќе се играат од 11 до 13 март.