Шестнаесетгодишен ученик во средното Угостителско училиште „Лазар Танев“ вчера било донесено со повреди на Максилофацијална хирургија.
Полицијата информира дека момчето физички било нападнато од соученик и соселанец во непосредна близина на училиштето, при што му биле нанесени тешки повреди (скршеница на вилица).
Истиот е задржан за понатамошно лекување. СВР Скопје превзема мерки за расчистување на случајот.