
Во просториите на пристаништето во Пиреја во моментов има најмалку 3.280 бегалци, соопшти Капетанијата на пристаништето.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, утрово пристигна уште еден ферибот со 455 бегалци и мигранти од Хиос и Митилена, а подоцна се очекува да пристигне и ферибот со 307 бегалци и мигранти од Родос, Кос и Лерос.
Во попладневните часови во Пиреја ќе се вкотви и фериботот „Нисос Миконос“ со уште засега непознат број бегалци и мигранти од Кавала, Хиос, Митилена и Самос.
Во Пиреја има голем број волонтери и членови на невладини организации кои им помагаат на новодојдените луѓе да се сместат и дистрибуираат храна меѓу бегалците и мигрантите сместени во четири патнички станици на пристаништето.