
Илјадници лица денеска се евакуирани од своите домови поради поплавите предизвикани од поројните дождови во американската држава Луизијана, а три лица оваа седмица го изгубија животот во невремето во неколку американски држави.
Метеоролозите најавуваат нови врнежи и во наредните денови. Во Луизијана во 16 окрузи прогласена е вонредна состојба, а националната гарда ангажирана е да помогне на населението.
Наредена е задолжителна евакуација на околу 3.500 домаќинства, а десетици лица се сместени во прифатилишта на Црвениот крст.