ВИДЕО: Нашата Антониа повторно ги остави сите без текст

Четиринаесетгодишната Антониа Гиговска од Скопје повторно ги остави без зборови членовите на жирито во музичкото шоу „Пинкови ѕвездички“.

Единствено што жирито кажа е дека кога некој навистина е одличен, тие немаат доволно зборови тоа да го искажат и би сакале само да слушаат наместо да коментираат.

На нашата Антониа која феноменално ги изведе „Две лири“ и „Feeling good“ и посакаа многу успех во иднина и свое место под музичкото небо.