
Минатата недела граѓаните имаа можност да слушнат 3 извонредни вести, изјави на денешната прес-конфереција Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ.
во продолжение интегрален текст од прес конференцијата на Даниела Рангелова
Невработеноста падна на рекордно ниски 24,6%. Американската компанија Ки Сејфти Системс започна со работа во Кичево и ќе вработи 1000 луѓе, а турската компанија Атајмач ќе инвестира 10 милиони евра во откупно-дистрибутивен центар во индустриската зона во општина Илинден со што ќе бидат отворени 100 нови работни места.
СДСМ нема одговор, ниту капацитет за да парира на ВМРО-ДПМНЕ на конструктивен начин кога станува збор за проекти од општо добро за граѓаните. Единствен одговор кој може да го понуди СДСМ е деструкцијата и фабрикувањето на нови афери и манипулации. Резлултат на ваквите негативни сценарија се тонење на рејтингот на СДСМ и континуирано зголемување на разликата и предноста на ВМРО ДПМНЕ.
Најновите изјави на Кире Наумов, Љупчо Николоски и Александар Кирацоски повторно се на истата линија. Тие сакаат да го оспорат избирачкиот список и системот на адреси по кои се организирани сите избори досега, вклучувајќи ги и изборите кои ги организираше СДСМ, а ги доби ВМРО ДПМНЕ во 2006 година.
Граѓаните се свесни како гласале и за кого гласале. Нивното право на глас не може да биде оспорено од стравот на СДСМ од излегување на избори. Досега не беше наведен ниту еден случај со кој беше оспорен основниот демократски принцип ЕДЕН ЧОВЕК – ЕДЕН ГЛАС. Се што видовме беше проблематизирање на системот на адреси и улици. Истиот систем кој функционира со години наназад и кој се реформира интензивно изминативе години.
Вистината е таа дека ВМРО-ДПМНЕ победува во 9 последователни изборни циклуси со разлика од 200.000 гласови затоа што се бори со програма и проекти кои директно се одразуваат на животот на граѓаните. Значи разликата меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ не е 10 гласа, не е 100 гласа, ниту 10.000 гласа. Разликата е огромна и нема да биде надмината со континуирано лажење, манипулирање и фабрикување афери на кои на СДСМ им се смее и Даниела Рангелова и нејзините соседи од Брвеница.
Ги повикуваме СДСМ да не ги попречуваат подготовките за изборите и да не размислуваат за сценарија со кои повторно Македонија ќе ја ставаат во заложништво на нивното немање капацитет за да се изборат за довербата на граѓаните.
Граѓаните мора да добијат и ќе добијат шанса да го реализираат своето врвно демократско право да гласаат и да и дадат мандат на идната Влада да ја извлече Република Македонија од политичката криза во која што ја втурна СДСМ.