
Шестнаесетгодишно момче е тешко повредено откако синоќа бил прегазен од автомобил „матиз“ на улицата „11 Октомври“.
Автомобилот бил управуван од Д.Т. (30).
Поради тешките повреди истиот бил веднаш пренесен во Ургентниот центар каде е задржан на понатамошно лекување.
Неофицијално момчето се здобило со фрактура на черепот.
На местото на несреќата извршен е полициски увид.