Турција се одмаздува: Нападнати кампови на ПКК во северен Ирак

Турската авијација бомбардираше кампови на курдските бунтовници во Ирак по вчерашниот напад во Анкара, јави турската телевизија Си-Ен-Ен Турк.

Генералштабот на турската армија соопшти дека два авиони Ф-16 и два авиони Ф-4 бомбардирале цели на планинаната Кандил и во реонот Гара, северениот дел Ирак.

Во вчерашниот напад во Анкара загинаа 37 луѓе, а над 120 се повредени, а се претпоставува дека за нападот одговорна е Курдската работничка партија (ПКК), која има бази во северен Ирак.