Тренерот на Џенифер Лопез ја откри вежбата за совршен задник

Опсесијата со задникот на Џенифер Лопез трае со години, а сите љубителки на облините се во потрага за идеална вежба со која може да постигнат позадина како Џеј Ло.

Дејвид Кирш, тренерот на Џенифер Лопез ја откри вежбата со која што, ако ја изведувате три пати неделни, ќе добиете резултати веќе за две до три недели.

Како се изведува вежбата:

Раширете ги нозете во нивото на колковите;

Кренете ја десната нога од коленото и ротирајте ја надесно;

Спуштете ја ногата малку подесно од почетната положба и штом ќе ја спуштите, наместете се во положба на клекнување како сумо борец;

Кога ќе се кренете од оваа положба кренете ја десната нога и направете удар кон напред.

Оваа вежба изведувајте ја за едната и за другата нога од 15 до 20 пати без сопирање во два до три сета. Тренерот Кирш вели дека ова е одлична вежба не само за совршено обликуван и кренат задник, туку и за задните колкови, како и за обликување на целиот долен дел од телото.