ЕВН Македонија со „Театар на сенки“ во знак на „Часот на планетата Земја“

Евн Македонија ги повикува граѓаните да се вклучат во акцијата „Часот на планетата Земја“, со присуство на Театарот на сенки, кој  ќе се одржи оваа сабота со почеток во 20:00 часот во Даут Пашин амамот.

Забавата ќе се одвива со изгасени светилки, без потрошувачка на електрична енергија, а присутните ќе уживаат во звуците на акутична музика.

„Часот на планетата Земја“ е најголемата светска волонтерска акција која има за цел преку симболично исклучување на осветлувањето во времетраење од еден час да испрати силна порака за спас на планетата. Мотото на глобалната акција оваа година е „Заблескај светлина на климатските промени“.

Акцијата „Часот на планетата Земја“ ќе трае од 20:30 до 21:30 часот со исклучување на илуминацијата на следниве локации во центарот на градот:

– Улицата Македонија,

– Палатата „Пелистер“,

– Ристиќевата палата,

– Камениот мост,

– Скопската тврдина,

– Паркот „Жена борец“ и спомениците,

– Плоштадот „Филип Втори“,

– Мостот „Око“ и

– Мостот на уметноста.