Во прекин патните правци Битола – Ресен и Долни Полог – Облешево

Патниот правец Битола – Ресен поради свлечиште сеуште е во прекин во двата правца, а како алтернатива сообраќајот е пренасочен преку Битола, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Во прекин е и сообраќајот на патот меѓу селата Долни Полог и Облешево, пред Кочанска река, поради прекопан коловоз, каде е направен канал за одводнување на надојдена атмосферска вода од врнежи на дожд.

На патниот правец Марвинци – Балинци – Брајковци под надвозникот кај клучката Марвинци има вода на коловозот поради што АМСМ препорачува возачите да го користат алтернатниот пат Удово – Валандово – Гевгелија и обратно.

На останатите државни патишта сообраќајот се одвива по влажни коловози, а врнежи од слаб снег има на Ѓавато, Буково, Пресека, Плетвар, Деве Баир и во Крушево.

Намалена видливост од 50 до 100 метри поради магла има на Плетвар, Попова Шапка и Ѓавато.