
Познато е дека милијардерите живеат во прекрасни вили, но и местата каде што одат да се одморат, а кои се во нивна сопственост не изгледаат ништо помалку луксузно од нивните домови.
Во овие куќи се одмараат некои од најпознатите луѓе во светот.
- Ерик Шмидт
Раскошната резиденција од 1926-тата година Ерик Шмидт ја купил од елен Деенерис за 20 милиони долари. Таа е идеално место за опуштање и одмарање од секојдневните обврски, а тоа е повеќе од неопходно за човекот што е извршен директор на Алфабет.
- Марк Цукерберг
Иако според Форбс неговото богатство се проценува на 47,7 милијарди долари, Цукерберг ужива во едноставни задоволства, па така куќата за одмор е во природата на Хаваи. Имотот на островот Кауаи зазема простор од три милиони квадратни метри и во 2014-тата година го купил за 10 милиони долари.
- Бернар Арно
Директорот на компанијата „ЛВХМ“ Бернар Арно дефинитивно знае како да ужива. Зиме овој милијардер се повлекува во постудените краишта на Француските Алпи во неговиот дом во Крушевал.
- Ричард Бренсон
Хотелот Касбах Тамадот во Мароко во близина на Макареш е местото што Бренсон го поседува барем два пати годишно. Тој се наоѓа на височина од 4.300 метри надморска височина на планината Атлас и има 27 соби, кои што секој што има доволно пари може да ги изнајми.
- Мајл Дел
Извршниот директор на компанијата Дел Инк, Мајкл Дел чие богатство се проценува на 3, 5 милијарди долари, кога сака да се одмори бега на Хаваи во неговата куќа со 23 соби. Оваа огромна резиденција вреди 62 милиони долари.
6.Мајкл Блумберг
Кога поранешниот градоначалник на Њујорк сака да побегне од се, тој најчесто оди во неговата куча во Лондон. Станува збор за куќа со седум соби за која платил 26 милиони долари, а во неа пред него живеела Мери Ен Еванс.