– Просечниот дотек во акумулацијата е околу 80 метри кубни вода во секунда и е со исполнетост од околу 71 отсто и резерва на вода за проивзодство на над 36 милиони киловат часови електрична енергија. Поради големиот дотек во последниот период, хидроелектраната „Шпилје“ е прилагодена на 24 часовно производство со цел да се обработи целата вода и да се создаде дополнителен простор за новите дотеци што се очекуваат во пролетниот период, велат надлежните во АД ЕЛЕМ.
И покрај зголемиот дотек, додаваат, опасност од поплави во овој дел од земјата нема, поради конфигурацијата на теренот.
Поволната хидрологија услови и поголемо производство во ХЕЦ „Шпилје“, која заклучно со првата половина од месецов, во електросистемот испорача над 73,3 милиони киловат часови електрична енергија.
– Производството претставува над 5,7 отсто натфрлање на планот за овој период од годината или реализација на 26,6 отсто од вкупно планираното производство за цела година. Просечниот дотек е околу 80 метри кубни вода во секунда, потенцираат надлежните од ЕЛЕМ.
Во ХЕЦ „Шпилје“, која работи главно според потребите на системот, лани беа произедени 314 милиони киловат часови електрична енергија или околу пет отсто повеќе од планот, со што годината се вброи меѓу рекордните години по производство.