
Брзо и лесно можете да направите домашен препарат за нежни и негувани усни.
Кога ќе го потрошите балзамот што сте го искористиле зачувајте ја амбалажата, ќе ви биде потребна за во него да го ставите домашниот препарат за нега на усни.
Состојки:
-4 лажици пчелин возок
-4 лажици кокосово масло
-лажичка витамин Е (капки)
-6-8 капки од масло од херба или некое друго масло чијшто мирис најмногу го сакате
-парче кармин
Подготовка:
Пчелиниот возок ирендајте го и додадете му кокосово масло, промешајте го и загрејте го во микробранова, само колку да се стопат и да се измешаат состојките. Потоа додадете ги останатите состојки.
Вратете ја смесата во микробранова за се добро да се стопи, па потоа промешајте ја смесата. Ставете го балсамот во садови и почекајте да се олади. Вашиот домашен балсам е готов.