
Денес е првиот пролетен ден. Пролетта во Македонија и на северната хемисфера почна денеска во 5 часот и 30 минути. Во исто време на јужната полутопка на Земјата настапи есента.
Првиот пролетен ден во Македонија ќе трае 12 часа и 7 минути.
Денес со температури од 12 до 18 степени

Според синоптичарите денес не очекува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб претежно источен ветер. Минималната температура ќе се движи од минус четири до три, а дневната од 12 до 18 степени.