Алонсо по страшната несреќа: Имам среќа што сум жив (видео)

Фернандо Алонсо не се здобил со повреди, според лекарите, по страшната несреќа на Автсралиското Гранд При. Болидот на возачот на Мекларен се преврте два пати а потоа се растури на делови откако удри во ѕид на третото свртување на Алберт Парк денеска.

alonso-2

Среќен сум што сум жив, тоа беше навистина страшна несреќа. Имам среќа што сум жив, вели тој во изјава за медиумите.

Алонсо излезе од остатоците од болидот откако се судри со Естебан Гутиерез.