
Три погодоци, два во домашната и еден во гостинската мрежа беа постигнати на последниот натпревар од 25. коло во шпанската Примера дивизион, дуелот помеѓу екипите на Еспањол и Виљареал.
Со минималниот, но злато вреден триумф на незгодното гостување во Барселона, новајлијата во елитното друштво на најдобар можен начин покажа и докажа дека не се откажува од намерата да го освои четвртото место на табелата и да обезбеди пласман во последното елиминациско коло од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.