
Пејачот Владо Ѓоргиев на есен ќе стане татко, бидејќи неговата девојка Милица Самарџија е во четвртиот месец од бременоста.
Владо и 14 години помладата Милица се запознале пред три години на снимањето на неговиот нов спот на песната „Искрено“ каде таа глумела.
Од тогаш со неколку прекиди трае нивната љубов. Милица има 26 години и е студентка по право.
Од еден „твит“ на Милица се гледа дека нивната љубов цвета:
„Ми подготви вечера во 4 наутро затоа што бев гладна. Ако тоа не е љубов, тогаш не знам што е!“