
Земјотрес со интензитет од III до IV степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998, утринава во 4 часот и 36 минути е почувствуван во источните делови од Македонија.
Како што информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресот се наоѓа на 120 километри источно од Скопје.