![zaventem-brisel Терористичките напади ја чинат Белгија четири милијарди евра](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/03/zaventem-brisel-1.jpg?resize=696%2C387&ssl=1)
Две експлозии одекнаа утрово во 8 часот на аеродромот Завентем во Брисел. Според властите во Белгија на аеродромот биле најдени уште неколку недетонирани бомби на терминалот каде што одекнаа експлозиите, јавува „Раша Тудеј“.
Белгискиот кризен центар информира дека тим експерти од Белгиската Армија ќе ги неутрализира сомнителните пакети најдени на аеродромот.
На аеродромот бил најден и неексплодиран ремен со експлозиви, јавува фламанската телевизија VTM. Според властите овој елек најверојатно му припаѓал на третиот терорист кој успеал да побегне.