Неколку часа по терористичките напади во Брисел вонредна состојба е прогласена и на аеродромот во Лајпциг каде што е затворен еден од терминалите за заминување.
Антитерористичката тревога е прогласена откако сомнителен багаж е пронајден на контролата на рачниот багаж.
Според федералната полиција сопственик на сомнителниот багаж е маж кој што сакал да ја помине контролата во 12 часот и 15 минути. Во багажот се откриени сомнителни и опасни предмети по што мажот е уапсен.
Тој тврдел дека не знае што има во неговиот багаж, а полицијата не го открива неговиот идентитет. Веднаш по инцидентот целиот терминал каде што е најден опасниот багаж е затворен.