1. И двајцата имаат ограничени професионални способности, што се гледа во извршувањето на задачите за кои се платени. Заев како грсдоначалник, Катица Јанева како обвинител немаат ниту едно впечатливо дело зад себе. И двајцата имаат ограничен вокабулар и начин на изразување.
2. Доаѓаат од релативно помали места и заедничко е што се препознатливи како локални шерифи. Заев како градоначалник на Струмица, а Јанева како обвинител во Гевгелија се посочувани како локални моќници кои функцијата ја обавуваат за лично богатење и сопствена корист.
3. Зад работата на двајцата се провлекуваат низа афери и скандали. Заев амнестиран криминалец, делеше бизниси на фирми на најблиски роднини и пријатели, со што кланот Заеви заработуваше милиони. Јанева од друга страна во својата работа се одликува со непочитување на законите и кршење на процедурите.
4. И двајцата имаат огромен капитал. Заев имот вреден неколку милиони и обрт на фирми на кланот Заеви со над 200 милиони евра. Јанева преку ноќ се стекнува со два стана, па дури бараше и нов државен стан, бараше и буџет на СЈО вреден неколку милиони евра.
5. Заев не го признава судството, Собранието, претседателот, Владата, Уставниот суд, а последно е што народот го прогласи за фантомски. Јанева денеска исто така не го признава Собранието, Уставниот суд и претседателот. Непризнавањето на Собранието преставува и непризнавање на народот.
6. Заев побара истрага за неколкуммина од власта, неколку недели подоцна Катица Јанева испорача. Вокабуларот на Јанева и на Заев е ист, непочитувајќи презумција на невиност, Јанева прогласи за виновни и “малтене“ ги осуди во јавност без никакви докази.
7. Заев не се појави на Анкетната комисија во Собрание за сведочење за случајот „Поткуп“ за да даде одговори дали е тој на снимката која се појави во јавноста каде вика дека треба да се даде едно евро за Вицето, едно за во црквата. Исто така и Катица Јанева не се појавува да даде отчет за сработеното.
8. Заев шпекулира со различни бројки за прислушувани материјали, а Јанева не направи записник и постојано манипулира.
9. Заев јавно побара да се ослободи првоосомничениот во случајот „Пуч“ Зоран Верушевски, а Јанева веднаш го исполни ваквото негово барање.
10. И Заев и Јанева имаат ист начин на манипулативно работење и без отчет за сработеното. Двајцата се две лица од една иста паричка.