
Вториот бомбаш самоуниец кој се разнесе во исто време со Ибрахим Ел Бакруи на аеродромот во Брисел, е Наџим Лашруи, јавува белгиската телевизија РТБФ, повикувајќи се на сопствени информации.Од Обвинителството засега не ја потврдуваат информацијата.
Белгиските медиуми информираат дека вториот бомбаш самоубиец од аеродромот е Лашруи, а дека тоа било потврдено врз основа на ДНК анализа. А тој е напаѓачот што се наоѓа најдесно на фотографијата од безбедносните камери објавена во медиумите.
Лашруи е осомничен дека стои и зад нападите во Париз. Наводно, неговата ДНК била пронајдена во две скривалишта на напаѓачите од Париз, но и на најмалку две експлозивни појаси: оној што бил користен во Батаклан и другиот кај Стад де Франс.
Денеска истрагата потврди дека Ибрахим Ел Бакруи го извршил првиот напад на аеродромот, а вториот напаѓач сеуште не беше идентификуван. Повеќе детали од истрагата на следниот линк.