Сериозна грешка ќе претставува доколку Европа се дели на „ние, христијаните и тие Арапите, муслиманите, терористите“, предупреди високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност и заменик-претседател на Европската комисија, Федерика Могерини, бидејќи како што вели, тоа е спротивно на европските идеи за сожителство.
Могерини ова го изјави во денеска објавеното интервју за весникот „Република“.
– Доколку почнеме да ги исполнуваме концептите, ние Европејците и христијаните и тие Арапите, муслиманите, терористите, едноставно ќе ја потхрануваме реториката на оние, ки сакаат да покажат дека соживотот е невозможен. Една од основите европските вредности е можноста сите да живееме и работиме заедно, без разлика на националноста, вероисповеста и културата. Нашата сила е мошне разнолика, тоа е влог за мирот и благосостојбата, рече Могерини.
Таа призна дека проблемот со тероризмот во Европа не е само внатрешен.
– Секоја ситуација, во која се создава вакуум во власта е мошне поволна за терористите, Се надеваме дека таа трагедија (терористичките напади во Брисел) ќе даде поттик за решавање на сириската криза и дека поради неа нема да биде дозволен катастрофален развој на случувањата во Либија, нагласи таа.
Могерини нагласи дека справувањето со тероризмот може да се случи единствено преку заедничка европска стратегија.