
Дваесет и тригодишната Романка, Роксана Штефанука и нејзината двегодишна ќерка Мируна се единствените преживеани патници по бомбашкиот напад во метрото во Брисел.
Роксана живеела во Брисел 5 години, а во возот се нашла откако претходно ја однеа во градинка својата поголема ќеркичка.
Семејството на Роксана вели дека таа имала изгореници на цело лице, а 2-годишното девојче исто така имало изгореници и дише со помош на апарати.
Бомбата експлодирала додека тие биле во возот, а по експлозијата биле пронајдени под мртвите тела на загинатите 20 патници.