
Хрватскиот ракометар во актуелниот европски шампион Хамбург, Блаженко Лацковиќ, од наредната сезона би можел да го носи дресот на македонскиот шампион Вардар. Како што пренесуваа „Балкан Хендбал” Лацковиќ и неговиот менаџер Саша Братиќ преговарале со сопственикот на „црвено-црните“ Сергеј Самсоненко.
Но, се’ уште не се познати деталите од преговорите и дали и кога Лацковиќ ќе му се приклучи на црвено – црното семејство.
Прославениот хрватски репрезентативец низ својата кариера има освоено многу титули и медали од големите натпреварувања. Тој игра на позицијата лев бек, исто како и засилувањето за следната сезона Русинот Сергеј Горбок. На истата позиција во Вардар играат и Алексеј Растворцев и Илија Абутовиќ.