
Вчера околу 07,20 часот на дел од пругата помеѓу железничка станица „Ѓорче Петров“, во правец према железничка станица Скопје-Север, поточно на самиот мост на реката „Лепенец“, патнички воз кој сообраќал на релација Кичево-Скопје удрил во Стоица П.(72) од с.Теранце-кочанско.
Од здобиените повреди лицето починало на самото место. Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје извршен е увид на местото на настанот.
По наредба на Ј.О. телото на починатиот е предадено во Институтот за Судска Медицина за обдукција.
Се работи на целосно расчистување на случајот.