
Стинг, Џенифер Лопез и Енрике Инглесијас пееја на гламурозната свадба на синот на рускиот тајкун Михаил Гуцериев, кој според листата на „Форбс“ е 38-от најбогат човек во Русија.
За каква свадба поточно се работи, говори и фактот дека венчаницата на 20-годшната невеста, која е студентка по стоматологија, била украсена со скапоцени камења.
Невестинскиот фустан тежел 25 килограми, а неговата вредност е проценета на 25 милиони рубљи (речиси 324.000 евра).
Инаку, Младоженецот Саид Гуцериев е вработен во нафтената компанија „Росњефт“.