
За ТМРО дезинтегративните процеси кои се на повидок во Украина, ја отвараат Пандорината кутија, која Ќе се рефлектира на Шпанија, Италија, Велика Британија, Балканските земји, но и Македонија, што е нормално најважно за Македонците.
„Дали е случајност или не, но втората светска војна заврши со мировната конференција на Јалта, на Крим,токму таму каде почнува да се прекршува историскиот договор на Сталин, Рузвелт и Черчил, за поствоена Европа со зацртани и непроменливи граници.Ќе биде ли Крим повторно историската одредница каде ќе се утврдува новиот светски поредок,и секако прашањето, ќе има ли сила Македонија, Македонците и Македонската држава самата за себе да одлучува,а не другите за неа,без неа ?“, прашува претседателот на ТМРО, Ванчо Шехтански.