
Спогодбата ја потпишаа шефовите на дипломатииите на двете земји Никола Попоски и Игор Црндак на маргините на Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан, кој се одржува во Драч.
– Овој чин претставува потврда повеќе на заемните заложби за реализација на конкретни проекти за збогатување на билатералните односи согласно позитивните искуства од слични примери со земјите од регионот, велат од македонското МНР.