
Францускиот тост во шолја е новиот револуционерен рецепт кој ќе ви го смени погледот за тоа како треба да изгледа вашиот појадок или десерт.
Потребни состојки:
- 80 милилитри млеко
- 2 јајца
- 1 лажичка екстракт од ванила
- ½ лажичка цимет
- 1 лажица путер, стопен
- 4 парчиња леб исечен на коцки
- 1 лажица додатоци по желба (рендано чоколадо, суво овошје или јаткасти плодови) за секоја чаша
- шеќер во прав и мед или овошен сируп за декорација
Начин на подготовка:
Измешајте ги млекото, јајцата, екстрактот од ванила и циметот во сад. Внатрешноста на чашките премачкајте ја со путер.
Секоја од чашките наполнете ја до половина со леб и ставете додатоци (чоколадо, овошје или јаткасти плодови) и повторете ја постапката неколку пати.
Секоја од чашките прелијте ја со мешавината од млеко, јајца, ванила и цимет.
Ставете ја секоја од чашките во микробранова на висока температура од минута до минута и половина.
Послужете го десертот во шолја топол и декориран со шеќер во прав и мед или овошен сируп.