Во Нетпрес денеска готвиме: Пилешко во сос од пиперка и ролат со банани

За денешното мени во Нетпрес се одлучивме да подготвиме вкусно пилешко во сос од пиперка, а за десерт ролат со банани.

Потребни состојки

Пиле

Сол, бибер

кромид

2 чешниња лук

30 гр путер

40 гр доматно пире

2 лажици слатка црвена пиперка

Лажица брашно

250 мл пилешка супа

Пиперка

100 гр павлака

Подготовка

Пилешкотот измијте го, исушете го, (ако користите цело пиле, поделете го на делови). Посолете, потоа кромидот и лукот ситно исечкајте ги. Пилешкото испржете го додека не добие златно кафена боја.

Лукот и кромидот издинстајте ги на масло, потоа додајте ги доматното пире, црвената пиперка и брашното, повремено налевајте од супата. Ставете го пилешкото внатре и на тивок оган динстајте околу 25 до 30 минути.

Пиперката исечкајте ја. По 15 минути додајте го пилешкото и заедно нека се динстаат. Извадете го пилешкото и оставете го на топло. Киселата павлада додајте ја во сосот, како и магдоносот, па се’ зачинете.

rolat

Ролат со банани

5 јајца

80 гр шеќер

50 гр пченично остро брашно

17 гр какао

1 прашок за пециво

За крем

5 јајца

100 гр шеќер

1 ванилин шеќер

200 гр путер

100 гр мелени бадеми

2 лажици рум

 За полнење

1 кг банани

1 лажица лимонов сок

Подготовка

Јајцата пенесто изматете ги со шеќерот, додајте брашно измешано со прашокот за пециво и какоа и потоа лесно измешајте.

Подготвената смеса ставете ја во тава (40х32 см) обложен со хартија за печење во фурна загреана на 170 степени 18 минути.

Испечениот пандишпан замотајте и оставете да се излади.

За кремот, јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер пенесто изматете ги и гответе ги на пара со постојано мешање, на крајот додајте изрендана чоколада и мешајте толку долго додека целата чоколада не се стопи.Во изладената крема додајте изрендан путер, добро измешајте и на крајот измешајте ги бадемите и румот.

Излупените банани испрскајте ги со лимонов сок, пандишпанот одмотајте го, извадете ја хартијата за печење, премачкајте го со кремата и покрај еден крај наредете два реда банани. Пандишпанот замотајте го во ролна и однадвор премачкајте го со кремот.