Полскиот интернационалец од редовите на германскиот будеслигаш Борусија од Дортмунд, Роберт Левандовски вети дека двата погодока кои ги постигна на првиот 1/8 финален натпревар од ЛШ, против екипата на Зенит, нема да бидат последни кои ги има постигнато во годинешното издание од најпрестижното клупско натпреварување.
“Нормално дека сум задоволен од натпреварот, од мојата игра, од постигнатиот резултат и од двата погодока. Сепак, јас не сум го кажал последниот збор во дресот на Борусија Дортмунд, ова не се последните мои погодоци во овој дрес, ова не се моите последни погодоци во Лигата на шампиони. Јас сум убеден дека Борусија ќе продолжи со настапите во Лигата на шампиони. Се надевам дека ќе бидам ефикасен и на следните натпревари”, изјави Левандовски кој на стартот од летниот преоден рок ќе биде претставен како најнова аквизиција на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М).