Прегазен пешак во Гостивар

Пешак почина вчера откако бил прегазен од автомобил во Гостивар.

Дваесет и деветгодишниот Ш.С. од село Беловиште, управувајќи со возило „сеат ибица“ удрил во пешакот Љ.С.(79).

Љ.С., кој се здобил со тешки телесни повреди починал на пат за болница.