
На видео сервисот Јутјуб се појави видео снимка на која што се гледа како еден човек е застрелан. Жртвата пренесувала во живо на Фејсбук пред да се слушнат истрелите и неговиот телефон да падне на земјата.
Како што паѓа телефонот на земја, може да се забележи друг човек како стои над него и возвраќа на истрелите.
Станува збор за 31-годишен човек. Тој пренесувал во живо од соседството Инглвуд во Чикаго кога бил неколку пати застрелан и однесен во болница. Полицијата вели дека жртвата е познат член на банда со досие.