
Солената торта од зеленчук е навистина вкусна, здрава, а и изгледа преубаво.
Потребни состојки:
- околу 1 кг компири
- 2 конзерви туна
- 300 гр моркови
- 2 цвекло
- 2 главици кромид
- половина китка магдонос
- околу 200 гр маслинки со пиперки
- 1 лимон
- по вкус сол и црн пипер
- по потреба маслиново масло
Начин на подготовка:
Цвеклото, компирите и морковите се варат не лупени, потоа изладени се лупат.
Кон компирите се додава исецканиот магдонос, сок од лимон, солта и пиперот, и се гмечи како за пире. По потреба се додава малку вода од сварените компири.
Туната се гмечи со вилушка, морковите и цвеклото посебно се рендаат, кромидот се сецка колку може поситно, а маслинките се сецкаат на тенки кругови.
Салатата се реди – прво на чинијата се реди околу третина од пирето, потоа се нанесува туната и се попрскува со маслиново масло, а врз неа се нанесува кромидот. Потоа се нанесува уште од пирето, а врз него изренданото цвекло и повторно се попрскува со маслиново масло. Врз цвеклото се нанесува малку од пирето, а потоа морковите. Салатата се покрива со преостанатото пире и се украсува одозгора со маслинките.
Извор: moirecepti.mk