
На куќните совети и на месните урбани заедници на коишто ќе им бидат одобрени барањата, во оваа акција ќе им се доделат најмногу 10 (десет) садници.
Барањата за добивање садници до Секторот за комунални работи на Град Скопје може да се доставуваат од 4 до 13 април 2016 година, а од 15 до 27 април субјектите ќе може да ги подигнат решенијата за доделените садници.
Акцијата на Град Скопје за доделување садници се организира веќе девет години во две етапи, односно напролет и наесен.